На првата седница на новото претседателство на Македонско – хрватското друштво (МХД), за нов претседател е избран Дарко Обадиќ.
Тој е дипломиран економист, роден во 1965 година. Член на Македонско – хрватското друштво е од 2002 година, како еден од основачите. Моментално работи во јавната установа Национален парк „Шар Планина“.
За потпретседател на друштвото е избран Владимир Копривњак, исто така основач на друштвото во 2002 година.








