Дани Олмо имаше посебна причина за славење во средата, откако во родниот град, Тераса, доби признание за светската титула освоена со Шпанија на Мундијалот во САД.
Фудбалерот на Барселона зборуваше и за актуелностите во клубот, меѓу кои и неуспешниот обид за ангажман на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид.
„Не разбирам што се случи со Атлетико Мадрид. Сите имаме свои соништа. Хулијан беше јасен и се бореше за својот сон, но постојат и надворешни околности кои не можеме да ги контролираме. Тој е одличен фудбалер, еден од најдобрите во светот. Таков е фудбалот“, изјави Олмо.
Тој смета дека Барселона има доволно квалитет во нападот, а меѓу играчите кои можат да играат како класични централни напаѓачи го гледа и своето име.
„Тренерот ме познава одлично и знае каде можам да играм. Имаме одличен состав и играчи кои можат да ја покријат позицијата на централен напаѓач. И јас сум меѓу нив“, рече Олмо.
За амбициите во новата сезона, Шпанецот истакна дека Барселона сака да ги одбрани домашните трофеи, но и конечно да направи чекор напред во Лигата на шампионите.
„Имавме две многу успешни години на домашен план, а сега сакаме успех и во Европа. Реал Мадрид исто така одлично се засили. Целта на двата клуба е да освојат сè“, додаде Олмо.






