домаСпорт„Црвено-жолтите“ ја отвораат битката за Европа со гостување кај Австрија

„Црвено-жолтите“ ја отвораат битката за Европа со гостување кај Австрија

- Advertisement -spot_img

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го започнува настапот во втората претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година.

Избраниците на селекторот ќе гостуваат кај Австрија во Виена, во натпревар кој може да биде исклучително важен во борбата за првото место во групата и пласман во следната фаза.

Победа на гостински терен би била огромен чекор кон остварување на главната цел – обезбедување место во квалификациите за Евробаскет 2029. Во оваа фаза Македонија е во група со Австрија и Кипар, а само победникот ќе продолжи понатаму.

Македонската јавност, сепак, нема да може да го следи натпреварот преку телевизиски пренос. Мечот од Виена ќе биде достапен преку интернет, на официјалните платформи на ФИБА Европа.

Посебно внимание привлекува составот со кој Македонија влегува во овој циклус. Репрезентацијата е засилена со евролигашкиот тандем Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, што создава дополнителен оптимизам кај навивачите.

„Црвено-жолтите“ имаат јасна цел – со позитивен резултат во Виена да го отворат патот кон нов европски предизвик.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img