Претседателот на Централната изборна комисија на Косово, Крешник Радониќи, се огласи по средбата со вршителката на должноста претседател, Албуена Хаџиу. Тој изјави дека нивен предлог е изборите да се одржат на 7 јуни.
„Наше мислење е 7 јуни, но сепак, конечната одлука ѝ припаѓа на претседателката“, изјави Радониќи.








