Цените на нафтата паднаа утрово, но минатата недела пораснаа за повеќе од 5 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент ослабе утрово за 0,02 проценти, на 88,45 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,47 проценти, на 82,05 долари.
На валутните пазари, сепак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,52 поени, додека во петокот навечер беше 99,63 поени.






