24-тото коло во Првата македонска фудбалска лига се отвара утре со два натпревари. На програмата ќе биде дуелот меѓу Работнички и Силекс, каде „романтичарите“ кои бележат одлични резултати од последните пет средби ќе бараат три бодови против гостинот од Кратово и со тоа сериозно да се направи чекор кон опстанокот.
Брера Струмица ќе оди на гостување во Кавадарци, каде се надева дека ќе остане непоразен и ќе донесе бодови на своето конто и со тоа да се држи во зоната за директен опстанок. Триумф за Тиквеш ќе биде зацрвстување на петтото место.
Во сабота се играат две средби. Во првата Арсими на домашен терен ќе игра против Вардар, каде „вардарци“ се големи фаворити за трите бодови, а во второто саботно соочување Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против шампионот Шкендија.
В недела тимот на Башкими ќе има лесна задача против Шкупи, а Пелистер под силен притисок ќе мора само до три бодови против Струга Трим Лум.
Александар Ванев, М-Нет








