домаМакедонијаБожиновска: Започнува реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради - ...

Божиновска: Започнува реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – зелена и енергетски ефикасна држава 2025–2028

- Advertisement -spot_img

Денеска беше остварена работна средба со Мелани Мелинвуд од Француска агенција за развој (AFD), на која беше отворен патот за реализација на Планот за реконструкција на јавните згради – една од клучните обврски од Реформската агенда на државата.
Со Планот за периодот 2025–2028 година се најавува системска, масовна и темелна енергетска обнова на јавните институции, со цел значително намалување на трошоците за енергија, подобрување на условите за работа и намалување на загадувањето на животната средина.


Надлежните институции веќе работат на детална студија со која ќе се утврдат приоритетните објекти што први ќе влезат во процесот на реконструкција. Согласно законските обврски, државата треба годишно да реконструира најмалку 3% од јавните згради, но најавено е дека овој процес ќе оди чекор понатаму – со фокус на квалитет, долгорочна визија и одговорно управување.


Од институциите потенцираат дека станува збор за стратешка инвестиција во одржлива иднина, усогласување со европските стандарди и создавање поефикасен јавен сектор во служба на граѓаните.
Процесот ќе се реализира во партнерство со меѓународни финансиски и развојни институции, со јасна цел – зелена, модерна и енергетски ефикасна држава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img