15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска од IFESD 14 форумот испрати силна порака: Енергетиката не е машки...

Божиновска од IFESD 14 форумот испрати силна порака: Енергетиката не е машки свет – тоа е свет на визија, знаење и храброст

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, испрати силна порака за родова рамноправност и лидерство на жените во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека „енергетиката не е машки свет – тоа е свет на визија, знаење и храброст“.

Во своето обраќање, таа нагласи дека е горда што Министерството за енергетика денес претставува пример за институција со највисок степен на родова еднаквост, во која жените не само што се дел од процесите, туку активно ја предводат енергетската трансформација.

„Кога ја презедов оваа функција, си дадов ветување дека ќе направам сè за да ја променам перцепцијата дека енергетиката е машки свет. Не е. Тоа е наш свет — што подеднакво им припаѓа на жените и на мажите со знаење, визија и волја,“ изјави министерката Божиновска

Таа истакна дека во Министерството работат повеќе жени отколку мажи, а многу од клучните одделенија ги водат силни, стручни и посветени жени, кои се доказ дека компетентноста нема пол.

Божиновска посочи дека е особено горда на својата улога како Амбасадорка на WOBA – Women on Board Adria, регионална мрежа која ги поврзува и поддржува жените лидери низ целиот Адриатски регион.

„Верувам дека жените заслужуваат повеќе – повеќе можности, повеќе признание, повеќе лидерство. Но исто така верувам дека за тоа мора да се избориме. Рамноправноста не е услуга, туку право – нешто што мора да го бараме, да го браниме и да го градиме – заедно,“ нагласи таа.

Министерката упати и силна порака до младите жени, охрабрувајќи ги да бидат активни, гласни и храбри:

„Не чекај дозвола за да водиш – заземи го своето место. Не ги замолчувај своите идеи – кажи ги гласно. Не се сомневај во својата сила – посилна си отколку што мислиш.“

Истовремено, Божиновска се обрати и до мажите во енергетскиот сектор, потенцирајќи дека вистинскиот напредок се постигнува само кога мажите и жените стојат рамо до рамо, како сојузници во визијата за еднаквост и развој.

„А феминизмот не значи натпревар со мажите, туку стоење рамо до рамо со нив – како еднакви партнери што ја делат истата визија за напредок,“ порача министерката.

Своето обраќање таа го заокружи со инспиративна мисла:

„Кога жените се издигнуваат – се издигнува и општеството. Кога жените водат – државите напредуваат. А кога жените го заземаат своето место во енергетиката – светлината свети посилно, за сите.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img