6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБожиновска на средба со британскиот министер Питер Кајл во Лондон: Заедничка визија...

Божиновска на средба со британскиот министер Питер Кајл во Лондон: Заедничка визија за зелени инвестиции и економски раст

- Advertisement -spot_img

Во рамки на состанокот на министрите за економија од Берлинскиот процес во Лондон, министерката за економија, Нина Божиновска, оствари работна средба со Питер Кајл, министер за бизнис и трговија и претседател на Одборот за трговија на Обединетото Кралство.

Средбата беше посветена на продлабочување на соработката меѓу Македонија и Велика Британија, со посебен акцент на отворањето на нови канали за приватни инвестиции во енергетиката, транспортот и инфраструктурата со низок јаглероден отпечаток.

Една од клучните теми беше иницијативата „Бела листа на таксономијата за одржливо финансирање за земјите од Западен Балкан“, заедничка регионална рамка која ќе овозможи полесна идентификација и финансирање на вистински зелени и одржливи проекти.

„Со партнерите од Обединетото Кралство ја споделуваме истата визија – да се ослободат нови извори на приватен капитал за зелени инвестиции и да се поттикне економскиот раст на целиот регион,“ изјави министерката Божиновска по средбата.

Средбата ја потврди посветеноста на Македонија на европската зелена агенда и регионалната економска интеграција, како и континуираната поддршка од Велика Британија за спроведување на одржливи и иновативни економски политики.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img