домаМакедонијаБожиновска: Македонија забрзува кон енергетска иднина што е чиста, сигурна и праведна...

Божиновска: Македонија забрзува кон енергетска иднина што е чиста, сигурна и праведна со конкретни планови и реформи

- Advertisement -spot_img

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP).

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, нагласи дека државата активно работи на создавање стабилна и одржлива енергетска иднина, заснована на чисти извори и праведна транзиција за сите региони.

Таа информираше дека веќе се подготвени Годишните планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, додека Националниот план за енергија и клима се наоѓа во завршна фаза. Како клучен чекор за поттикнување на инвестициите, Божиновска го истакна и новиот Закон за обновливи извори, кој треба значително да го забрза развојот на зелените енергетски капацитети.

Посебно внимание, според министерката, е посветено на регионите кои се најпогодени од транзицијата од јаглен, со цел процесот да биде праведен и да обезбеди нови економски можности и сигурност за граѓаните.

„Со одговорни политики, силни партнерства и посветена работа, ја градиме енергетската иднина на државата – одржлива, конкурентна и во интерес на граѓаните“, порача Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img