HomeМакедонијаБитолчанки го слават 8 Март на Пелистер – 100 жени на планина...

Битолчанки го слават 8 Март на Пелистер – 100 жени на планина за сила, природа и заедништво

- Advertisement -spot_img

Битолчанки годинава го одбележаа 8 Март – Меѓународниот ден на жената на планината Пелистер, учествувајќи на настанот „100 жени на Пелистер“, кој се одржа по втор пат и има за цел да ги поврзе жените со природата и активниот начин на живот.


Настанот опфати пешачка тура низ природата на Пелистер, почнувајќи од хотел „Молика“ кон Инфо центарот, каде учесничките имаа можност да се дружат, да разменат искуства и да ја прослават женската солидарност и енергија. Организаторите посочуваат дека идејата е жените да се поттикнат на повеќе движење, дружење и поврзување со природата.


За сите учеснички бил обезбеден бесплатен превоз од Битола, како и бесплатна храна и пијалоци, во организација на Националниот парк Пелистер..


Во рамки на настанот се одржа и кратко инспиративно предавање посветено на значењето на физичката активност и престојот во природа за женското здравје и благосостојба. Организаторите нагласија дека планината претставува место на мир, сила и саморефлексија, каде секоја жена може да се поврзе со себе и да пронајде нова енергија.


Денот заврши со дружење и забава во Инфо центарот на Пелистер, каде за учесничките беше организирана музичка програма и заедничка прослава на празникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img