Денеска во Битола свечено се предадени во употреба нови комунални возила, контејнери и канти за отпад, наменети за јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Опремата е обезбедена од Влада на Република Северна Македонија, преку Министерство за животна средина и просторно планирање, со цел унапредување на капацитетите на комуналните служби и подобрување на јавната хигиена во општините.

Со новата механизација и опрема значително ќе се олесни секојдневното работење на јавните комунални претпријатија, ќе се зголеми ефикасноста во собирањето и управувањето со отпадот и ќе се подобрат условите за одржување на чистотата во населените места.

Од Владата информираат дека во соработка со локалните самоуправи, и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во вакви проекти, со фокус на заштита на животната средина, подобра хигиена и повисок квалитет на живот за граѓаните.








