домаМакедонијаБитола ќе добие нови училишни спортски сали и игралишта со инвестиција од...

Битола ќе добие нови училишни спортски сали и игралишта со инвестиција од 4,7 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Годинава големи инвестиции во спортската училишна инфаструктура и со тоа Општина Битола ја потврдува својата цврста определба и заложба за подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности, негувајќи ја максимата „во здраво тело-здрав дух“.

Во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со што Општина Битола продолжува со визијата за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите:

-Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица.

Изградба на три типски училишни спортски сали во:

  • ОУ „Стив Наумов“,
  • подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и
  • централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата:

  • „Гоце Делчев“,
  • „Даме Груев“,
  • „Коле Канински“ – населба „Буковски ливади“,
  • подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“,
  • во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“,
  • во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.

Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во основните училишта:

  • „Климент Охридски“,
  • „Трифун Пановски“,-„Ѓорги Сугарев“ и
  • во населбата „Стрелиште“.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img