Повторно поскапува меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија.
Најголемо зголемување има на релацијата Тетово – Скопје, каде билетот во еден правец сега чини 250 денари, наместо досегашните 200 денари.
Поскапување има и кај автобускиот превоз меѓу Куманово и Скопје. Цената на билетот во еден правец е зголемена од 170 на 200 денари.
Поскапувањето предизвика незадоволство кај граѓаните, особено кај студентите и работниците кои немаат друга можност освен секојдневно да патуваат до Скопје.
Приватните автобуски превозници засега немаат излезено со официјално објаснување за зголемувањето на цените.






