домаМакедонијаАнел Фидоски најсериозен кандидат да ја преземе функцијата на Бубевски

Анел Фидоски најсериозен кандидат да ја преземе функцијата на Бубевски

- Advertisement -spot_img

Советот на јавни обвинители на 20 јануари ќе одржи седница на која ќе се избира нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Гаврил Бубевски на 18 јануари.

Според извори на ТВ21, како најсериозен кандидат за функцијата на Бубевски се споменува обвинителот Анел Фидоски. За позицијата интерес покажале и обвинителите Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова, која важи за кандидатка со најдолг работен стаж, повеќе од 20 години. Пријавените кандидати имаат професионално искуство од шест до дваесет години и зад себе имаат повеќе значајни предмети во јавноста.

На истата седница ќе се избира и раководител на Основното јавно обвинителство Тетово, каде единствен кандидат е актуелниот шеф Бесир Алиу.

Изборот на ново раководство на скопското обвинителство се случува во период на кадровски промени во обвинителската структура, по оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на Анита Тополова Исајловска за в.д. јавна обвинителка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img