Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги.
Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага.
На средбата ќе бидат презентирани и активностите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“, која има за цел олеснување на комуникациските услуги за граѓаните, како и други актуелни прашања што произлегуваат од надлежностите и тековната работа на Министерството за дигитална трансформација.








