домаМакедонијаАндоновска: Обвинителството да реагира за неправилностите во ИЈЗ

Андоновска: Обвинителството да реагира за неправилностите во ИЈЗ

- Advertisement -spot_img

Повик до Јавното обвинителство да реагира за утврдените неправилности во работата на државниот Институт за јавно здравје упати вчера Марија Андоновска, директорка на оваа здравствена институција. На прес-конференцијата, по објавувањето на ревизорскиот извештај кој откри бројни злоупотреби во работењето со оваа институција во 2024 година, таа рече дека биле правени најразлични малверзации.

–Дел од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари. Некои лица биле примени на работа без административен испит, а исто така констатирале и неправилни унапредување и исплаќање додатоци. Несоодветен начин имало за наградување на вработените, се набавувала непотребна медицинска опрема. Се набавувале апарати што веќе ги имаат, наместо нешто што недостасува. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што здравствените услуги биле ставени под знак прашалник – наведе Андоновска.

Таа информираше дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ, се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, подвлече таа, било спротивно на Законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план. На новинарско прашање, Андоновска одговори дека од 44 до 88.000 денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа – како на пример, чистење двор.

Завчера таа, меѓу бројни злоупотреби, наведе и пример на исчезнат мрежен кабел за интернет во вредност од 15.000 евра, неевидентирана ИТ-опрема и договори за телекомуникациски услуги склучени во двојно повисоки износи од предвидените.

– Во однос на мрежниот кабел од 15.000 евра, ниту знаеме каде е ниту што е, ниту зошто е набавен. Договор за мобилни телекомуникациски услуги беше во износ од 1,6 милиони денари, иако биле предвидени 800.000 денари, како и договор за фиксна телефонија од 1,1 милион денари наместо планираните 550.000 денари. За одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на Институтот биле потрошени околу 50.000 евра за настан кој траел еден час – наведе Андоновска, која додаде дека по воведувањето на нови правила, Институтот сега заштедува околу пет милиони денари месечно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img