домаСпортАлиоски: Жал ми е што го загубивме мечот, позитивно е што не...

Алиоски: Жал ми е што го загубивме мечот, позитивно е што не се откажавме!

- Advertisement -spot_img

Македонската фудбалска репрезентација запиша нов пораз во Лигата на нации. На гостувањето кај Шкотска беше совладана со 2-1. „Позитивното“ е што успеавме да ставиме крај на црната серија без постигнат гол.

Во нашиот табор се задоволни што направија чекор напред, но останува жалeњето за крајниот резултат. Џани Алиоски потенцира дека на последниот натпревар од овој циклус, против Словенија на домашен терен, Македонија мора да освои бодови и да стигне до првата победа.

„Ова беше попозитивен натпревар од оној што го игравме дома. Се гледа дека научивме од натпреварите што ги имавме зад нас и дека можеме да направиме многу. Ако сакаме да играме фудбал, имаме квалитет. Имаше многу агресивни дуели, доста трчање и бевме супер на теренот. Успеавме да постигнеме и гол, создадовме шанси. За ВАР-снимката не би можел да коментирам, треба да ја видам. Жал ми е што го загубивме мечот. Имавме шанси да се вратиме во натпреварот, но таков е фудбалот. Позитивно е што покажавме дека не се откажуваме. Овој меч мора да ни биде мотив за понатаму, дека сме подготвени и за игра и за дуел. Бевме добри едно полувреме против Швајцарија, а сега бевме добри и против Шкотска. Кога почнавме да играме фудбал, видовме дека се врати Македонија. Во последниот меч не смееме да се плашиме, треба да го одиграме нашиот фудбал и да ги освоиме трите бода дома“, рече левиот бек.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img