Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денес ќе биде затворено уште едно поглавје со Албанија, а ќе бидат отворени по две со Молдавија и Украина, откако претходниот ден Црна Гора затвори три поглавја.
„Како што процесот на проширување добива на интензитет, ќе разговараме со земјите членки за тоа како да обезбедиме нашата Унија да стане посилна додека се шири. Поради тоа, предложивме поцврсти механизми за заштита на владеењето на правото и реформи за поефикасна ЕУ“, наведе Кос во објава на мрежата X.
Кос најави и дека на земјите кандидати ќе им биде испракана добредојде во Европскиот центар за демократска отпорност.
„Многу од земјите кандидати со години се соочуваат со хибридни закани. Нивното искуство може да ни помогне да ја заштитиме демократијата широм Европа“, рече Кос.
Црна Гора вчера, на Меѓувладината конференција во Луксембург, затвори три преговарачки поглавја. Ги затвори Поглавјето 17 за економска и монетарна унија, 18 за статистика и 19 за социјална политика и вработување.
Тоа е 21 од вкупно 33 преговарачки поглавја за пристапување кон ЕУ.






