12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаАдеми од ДУИ: Имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар,Чашка, Липково и...

Адеми од ДУИ: Имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар,Чашка, Липково и Пласница

- Advertisement -spot_img

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција.

„Во втор круг одиме и во Студеничани, каде што водиме во однос на независниот кандидат. Уште од првиот круг натпреварот е завршен — имаме наши градоначалници во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница“, изјави Адеми.

Тој додаде дека ДУИ е апсолутен победник во Врапчиште, но поради, како што рече, бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, не е обезбеден цензус.

Додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и Арачиново.

Според него, на национално ниво Националната алијанса за интеграција е апсолутен победник со над 20.000 гласови.

Прашан за поразот на Бујар Османи во Чаир, Адеми рече дека веќе се упатени честитки кон Изет Меџити и изборниот резултат го опиша како граѓанска волја.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img