14-годишно момче од село Камењане се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола и паднало додека управувало електричен тротинет.
– На 28.09.2026 во 15:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Камењане, 14-годишник од с. Камењане кој управувал електричен тротинет, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, соопшти МВР.






