домаМакедонијаГраѓаните бараат спас кај Народниот правобранител: Поднесени десетици пријави за враќање брзи...

Граѓаните бараат спас кај Народниот правобранител: Поднесени десетици пријави за враќање брзи кредити

- Advertisement -spot_img

Само од почетокот на годинава до канцеларијата на Народниот правобранител пристигнале десетина претставки од граѓани кои сметаат дека се оштетени од финансиските друштва што одобруваат брзи кредити. Во една од претставките е наведен случај во кој долг од 30.000 денари за три и пол години достигнал неверојатни 115.000 денари.

Ваквите случаи повторно го актуализираат прашањето за заштитата на граѓаните од високите трошоци, дополнителните надоместоци и практиките на финансиските друштва, кои дел од корисниците ги доведуваат во должничко ропство.

Министерството за финансии подготвува нов закон за финансиските друштва, чија основна цел е поголема заштита на граѓаните, намалување на трошоците за кредитите и воспоставување построга регулатива во овој сектор.

- Advertisement -

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека до крајот на годинава се очекуваат дополнителни санкции, но и одземање дозволи за работа.

Во изминатите три месеци, по пријави од граѓани, Министерството спровело и вонреден надзор, по кој на две финансиски друштва им биле изречени парични казни и забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена.

Над 140 милиони денари треба да им бидат вратени на граѓаните

Засилени контроли спроведе и Државниот пазарен инспекторат, кој утврди неправилности кај 18 од вкупно 27 лиценцирани финансиски друштва.

Изречени се казни во вредност од над 3,5 милиони денари, а повеќе од 26.000 граѓани треба да добијат поврат на незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари.

Министерството ги повикува граѓаните да пријавуваат неправилности

Од Министерството за финансии ги охрабруваат сите граѓани кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава.

Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството, по пошта на адресата ул. „Даме Груев“ бр. 12, Скопје, или електронски на prijavafd@finance.gov.mk.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img