домаМакедонија„Не оставај ѓубре, остави пример“ - нова акција за чистење на Скопје

„Не оставај ѓубре, остави пример“ – нова акција за чистење на Скопје

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека денес ќе се одржи нова акција за чистење на градот, во која ќе бидат опфатени повеќе од 50 локации низ Скопје.

Како што информира Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, акцијата е дел од редовните активности што се организираат секоја втора недела во месецот, а во неа ќе учествуваат волонтери, јавните претпријатија, градоначалниците на општините, ученици и граѓани.

Тој ги повика скопјани да се приклучат на акцијата, да изберат локација во својата општина и да ги повикаат и соседите да учествуваат.

„Заедно со волонтерите, јавните претпријатија, градоначалниците, учениците и сите што го сакаат Скопје излегуваме на терен. Изберете локација во вашата општина и повикајте некој од соседите да дојде со вас. Да почнеме од паркот каде што си играат нашите деца, од улицата по која секое утро одиме на работа, од маалото што го викаме дома“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој упати порака дека грижата за чистотата на градот не треба да биде ограничена само на организираните акции, туку да стане секојдневна обврска на граѓаните.

„Денес заедно да го исчистиме, а секој ден да го чуваме“, порача градоначалникот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img