Сообраќајна несреќа вечерва се случи на патниот правец Стража – Гостивар, откако патничко возило излета од коловозот и се преврте.
Според информациите од очевидци, во несреќата има повредени лица, а на местото на настанот веднаш интервенираa противпожарни екипи.
Во тек е акција за извлекување на повредените од возилото, по што се очекува да им биде укажана медицинска помош.
Засега нема официјални информации за бројот на повредени лица и причините што довеле до сообраќајната несреќа.






