домаМакедонијаПопова Шапка се претвора во зимска разгледница, снегот создава бела идила

Попова Шапка се претвора во зимска разгледница, снегот создава бела идила

- Advertisement -spot_img

Со промената на времето и снежните врнежи што продолжуваат на планината, пејзажот добива сè поизразена зимска слика, а снегот почнува да се натрупува и да ги покрива планинските предели со бела покривка во текот на попладневните часови.

Според временските прогнози, снежните врнежи се очекува да продолжат и во текот на викендот. За денес и утре се најавуваат дополнителни врнежи, а ниските температури на повисоките места создаваат услови снегот да се задржи и да се зголемува снежната покривка.

Во моментот, на Попова Шапка се измерени 4 степени Целзиусови, а ветерот е целосно смирен.

Снежните врнежи се очекува да продолжат и во наредните денови. За недела се прогнозираат температури од минус 4 до минус 7 степени, со снежни зрна и ветер со брзина до 8 километри на час. Во понеделник температурите ќе се спуштат и до минус 10 степени, а се очекуваат нови снежни врнежи. И во вторник ќе остане студено, со температури од минус 6 до минус 11 степени.

Со ниските температури и најавените врнежи, зимската слика на Попова Шапка се очекува дополнително да се засили во следните денови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img