домаМакедонијаМитевски: Од 2006 година, имаме осумкратно зголемување на номиналниот износ на каматните...

Митевски: Од 2006 година, имаме осумкратно зголемување на номиналниот износ на каматните плаќања во буџетот

- Advertisement -spot_img

Ние зборуваме за јавниот долг и за одржливоста на јавниот долг, но многу малку во ова општество зборуваме за приходната страна на буџетот. Основните приходи кои што треба всушност да го хранат буџетот. Ние имаме учество на даночните приходи од 18%. Европскиот просек е на 26%. Нашите соседи, сите освен Албанија имаат повисок процент на учество, вели во Вин Вин Виктор Митевски, извршен директор во ЗМАИ.

Според него ние денеска ако се споредиме со некоја позиција од 2006 година, имаме осумкратно зголемување на номиналниот износ на каматните плаќања во буџетот. Но не било тоа секогаш така, тој посочува дека имало периоди каде што се правело консолодација и каде внимателно се управувало со јавниот долг.

-А како се управува внимателно со јавниот долг? Се обдувате да го најдете најефтиниот, најповолниот финансиски механизам кој што постои на пазарот. Да можете да вратите доспеани долгови, дали кон странство, дали кон домашниот пазар. И гледате да финансирате тековен дефицит за продуктивни цели. Ако вие ова не го правите… ние во 2020 имавме шок, каде што моравме да се задолжиме со многу повисока каматна стапка, затоа што околностите на меѓународните пазари беа такви. Ама од друга страна ние имавме и периоди каде што и нашата земја, успеа да постигне компетитивна пазарна камтна стапка, но недовлно се задолживме, се задолживме конзервативно за да го покриеме дефициот, истакна Митевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img