домаМакедонијаМиноски: И покрај меѓународните укажувања, ние го одржуваме секогаш буџетскиот дефицит на...

Миноски: И покрај меѓународните укажувања, ние го одржуваме секогаш буџетскиот дефицит на високо ниво и никако да го намалиме

- Advertisement -spot_img

Кога говориме за новиот буџет и за она што веќе е проектирано, имаме една ситуација во која што тој износ, односно износот на дефицитот да биде еднаков со износот на капитални инвестиции. Во овој момент тоа е на некој начин напуштено. Поради тоа што износот на тековните трошоци и тековните потреби кои што ги има за ливентирањето на функциите на државата, очигледно е дека се многу поголеми од она што е проектирано или она што сите посакуваме, изјави поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во Вин Вин.

Тој истакна и дека веќе подолго време се говори за фискална консолидација и се прават обиди во делот на фискалната стратегија за да дојде до намалување на тој буџетски дефицит.

-И ние кога говориме за фискална стратегија и она што е карактеристично кај фискалните стратегии во изминатиот временски период е тоа што тие се носат, а потоа преку ребаланси во континуитет се напуштаат тие таргети и никако да дојдеме до фискална консолидација. Го одржуваме секогаш буџетскиот дефицит на едно високо ниво и никако да го намалиме и покрај препораките кои што ги добиваме од страна на ММФ и другите мегународни финсиски институции. Кој што сметаат дека е неопходно да дојде до континурано намалување на буџетските дефицити. За да до 2035 година се намали тој дефицит на некое разумно ниво, изјави Миноски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img