Општина Струга информира дека од следната недела ќе почне со присилна наплата за комунална такса за 2024 и 2025 година.
– Сите даночни обврзници со неподмирени обврски да го извршат плаќањето на комуналната такса за 2024 и 2025 година, со цел да избегнат дополнителни нотарски и извршителски трошоци, како и пресметување камата на неподмирениот долг, апелира Општината.
Општина Струга ги известува сите даночни обврзници дека се објавени списоците со недоставени (вратени) опомени и сите физички и правни лица кои имаат обврски за комунална такса, а не ја примиле опомената лично, да проверат дали се наоѓаат на објавените списоци во Службениот гласник на Општина Струга и на огласната табла на влезот во зградата на Општината. Во спротивно, опомените ќе се сметаат за уредно доставени.
– Постапката за присилна наплата ќе се спроведува по истекот на законски утврдениот рок од 10 дена, согласно важечките прописи, посочува општинската прес-служба, со апел до граѓаните да ги подмират обврските навреме и да избегнет непотребни дополнителни трошоци.






