домаМакедонија„Не нè интересираат партии, дојдовме да бараме правда“, рече жена од Охрид

„Не нè интересираат партии, дојдовме да бараме правда“, рече жена од Охрид

- Advertisement -spot_img

„Не нè интересираат партиите, дојдовме да бараме правда за Сара“, порачаа бабата на 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и нејзина блиска сосетка, кои присуствуваа на протестот против насилството што вечерва се одржа пред Полициската станица во Охрид.

Иако собирот беше организиран од Форумот на жени на СДСМ, меѓу присутните имаше и граѓани кои не се партиски определени, а кои се приклучија со барање за правда и одговорност за физичкиот напад врз младата охриѓанка.

Бабата на Сара и нејзината сосетка нагласија дека нивното присуство нема никаква политичка заднина и дека единствената причина поради која дошле е да дадат поддршка на девојката и да побараат правдата да биде задоволена.

Нивното присуство привлече внимание бидејќи родителите на Сара претходно јавно побараа протестот да се откаже, со образложение дека не сакаат случајот со нивната ќерка да се користи за политички цели. Тие порачаа дека очекуваат институциите да си ја завршат работата и случајот да добие правна разрешница.

Сара Ѓорѓиеска се здоби со тешки повреди откако беше физички нападната од нејзиниот партнер Кристијан Корабоски, кој е лишен од слобода.

Присутните на протестот порачаа дека насилството врз жените не смее да се премолчува и дека институциите мора да обезбедат навремена заштита на жртвите и одговорност за сторителите.

Главната порака од бабата на Сара и нејзината сосетка беше дека барањето правда не треба да има партиска припадност и дека поддршката за жртвите на насилство мора да биде заедничка обврска на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img