Младите честопати немаат разбирливи и практични информации за препознавање насилство, поставување лични граници, градење здрави односи и безбедно барање помош. Стравот од осуда и стигматизација ги спречува да разговараат со родители, наставници или институции.
За овие прашања разговаравме со Бистра Георгиева, писателка за деца, а не поттикнаа активностите што ги спроведува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките за сеопфатно сексуално образование.
Разговаравме за потребата од повеќе знаење кај младите и родителите за формите на насилство: булинг, врсничко, психолошко, физичко, родово базирано и дигитално насилство.
Георгиева отворено говореше низ нејзиното искуство за односите засновани на почитување, комуникација, емпатија, еднаквост, доверба и прифаќање различности и за вклучувањето родители, наставници и другите професионалци како сојузници во препознавање, превенција и едукација.
Со Бистра Георгиева разговараше Зоран Бојаровски
Да започнеме со домот и семејството. Ќе ги наречам првиот безбедносен круг околу децата, околу тинејџерите. Круг во кој треба да се чувствуваат добро. Прво безбедни, а второ и доволно сигурни дека можат да постават било какво прашање кое се однесува на нив, а треба да го добијат одговорот од, од родителите или од најблиските.
Што мислиш ти за тоа и дали во твоето искустви било такво?
За среќа мислам дека така било. Кога ќе се навраќам наназад, за среќа велам, затоа што сум се чувствувала безбедно и сигурно во сите разговори со моите родители и подоцна во подоцнежните години и со мојот брат којшто е постар пет години.
Тоа го гледам и сега. На пример, брат ми живееше во странство и неодамна читав некои стари мејлови меѓу мене и него, некои преписки каде што јас, како тинејџерка тогаш на петнаесет, шеснаесет години, толку отворено зборувам за работите, а тој на толку суптилен начин, што сега ги препознавам, ми дава некакви насоки или назнаки каде треба можеби да внимавам и таму гледам дека тој всушност бил и во комуникација со моите родители за моето растење, дружење, излегување и сето тоа, а, но јас не сум го чувствувала тој притисок.
Јас сега истото се трудам. Имам мали деца од четири и шест години. Се трудам истото тоа да го обезбедам и да направам некако безбедна средина за разговор, иако мислам, искрено дека, а, многу подобро ми оди со внуците отколку со децата. Мислам дека мајките или родителите имаат некаква тенденција, барем јас, многу заштитнички да пристапам, а со внуците, коишто повеќето од ни се сега или се веќе влезени во тинејџерските води, го имам воспоставено тој отворен однос.
Мислам дека е важно на децата прво да им се даде простор да бидат сослушани, а потоа да се советува или да се „попува“ во негативна конотација.
Важно е на децата прво да им се даде простор да бидат сослушани, а потоа да се советува.
Дали препознаваш дека се чувствуваат посигурни после еден таков разговор заради кругот во кој живеат тие, заради тој притисок кој го имаат во училиштето надвор во средината?
Самото тоа што повторно и повторно сакаат да разговараат и да поминуваат време со мене, а не на телефон, што е првиот знак, мислам дека секако има позитивен ефект.
Кога го спомна телефонот да преминеме на едно прашање кое се однесува на токсичната средина во која денеска живеат и притисокот од некакви надворешни влијанија кои одат дотаму да ја нарушуваат нивната приватност.
На пример, другарчињата сакаат да им го гледаат телефонот, сакаат да прочитаат, видат, нешто што тие го имаат приватно во нивниот телефон
Дали си имала такво искуство да им ги пренесеш тој тип совети како да се заштитат од тие токсични односи и да постават некоја бариера која вели – не, дотаму е границата?
Сè е нели отидено некаде во подруга димензија. Тоа што го зборувам е повеќе за слободата, за чувството на слобода. Тоа и себеси сум си го зборувала, така сум и воспитана и во моите релации со партнери и со пријатели, најважна ми била слободата.
Ако се почувствувам загрозена свесно, сум бегала од такви релации од било каков тип. Значи, тоа пробувам сеа истото истото да им го пренесам дека љубов не е ако некој те контролира каде си. Љубов не е ако ти го проверува телефонот, тоа не е грижа. Љубов, всушност, не е контрола над телефонот. Контрола каде одиш, со кого си, како си облечен.
Се дружиш со тебе, со оној кој што ти е убаво се облекуваш онака како што сакаш, имаш фризура таква како што сакаш. Сите тие работи ако некој ти ги забранува, не се грижи за тебе и не те сака. Сакањето се покажува на други начини. И тоа мислам дека треба постојано да им се зборува.
Љубов не е ако некој те контролира каде си, ако ти го проверува телефонот. Тоа не е љубов.
Дел од она што ги загрижува младите и што честопати прави да да да немаат одговори на тие прашања е емоционалната зрелост, зрелоста или знаењето, познавањето на, да речеме, на сопственото тело, познавањето на некакви специфични односи со другите, со пријателите, другарите и така натаму.
Колку е тоа важно, и низ твоето искуство, на време и на соодветен начин да им се пренесе како совет на младите за тоа дека треба да го познаваат своето тело и дека не треба да се плашат од тоа?
Полесно е со емоциите коишто се убави како љубов, како нежност, но мора да бидеме свесни дека е сосема нормално да ги препознаеме и да си признаеме дека некогаш имаме емоција на љубомора, завист, омраза и тоа е сосема нормално и важно е да се препознае. Препознавајќи ја таа емоција и разговарајќи со некој близок за таа емоција споделувајќи, вие ја надминувате, да речеме, ако е лоша.
Нормално е да ги имаме сите тие емоции и да се бавиме со нив низ животот. Исто така и за телото да си го познаваш телото, да си го чувствуваш телото. Да си го знаеш сопственото тело е знак на одговорност кон себе. Одговорност кон сопственото здравје.
Тоа значи ако си го познавате телото и препознавате дали дали ви е ок во тоа тело, ако не ви ок, тогаш правите нешто за да ви биде подобро. Сменувате храна, одите на доктор. Ако не се чувствувате добро, вежбате, правите здрав живот, немате срам да одите на лекар, на било каков лекар.
Се прегледувате, се информирате за работите. Исклучително е важно.
Ако си го познавате телото, тогаш знаете дека ви е ок во тоа тело, ако не ви ок, тогаш правите нешто за да ви биде подобро.
Ќе те прашам нешто што се надевам дека ќе го препознаеш како нешто што и низ овој разговор низ ова интервју сакаме да им го пренесеме на оние што не гледаат на младите.
Пред сѐ, дали во твоето искуство си имала ситуација кога си рекла оти обично тоа го имаат повеќето млади, дури и јас, да речеме едно таков. Дали некогаш си поставила прашање за некоја ситуација да речеш „добро ќе беше. Се сеќавам на ова кога ме предупредија моите мајка или татко. Се сеќавам дека тоа беше добро. Еве кога сега би била во таа ситуација, поинаку би постапила“?
Не можам да се сетам на таква ситуација, но се сеќавам на ситуација каде што сум била лута дека не ме предупредиле. Обратно, лута, не лута, него сум си викала, зошто не сте ми кажале дека вакви работи постојат или дека со вакви ситуации можам да се соочам, или дека има луѓе коишто не ти мислат добро, коишто ти мислат малце поинаку.
Да не ги плашиме децата, светот е убав, но треба да знаат дека има и темни пештери.
Такви ситуации можам повеќе да се сетам и сега гледам. Не ги обвинувам нормално, но сега гледам или како родител учам од грешките, да не ги повторувам, односно да ги растам децата да знаат дека има секакви ситуации за да може да се справат полесно. Нормално не да ги плашам, туку едноставно да бидат свесни каков е светот, дека светот да, убав е, но дека има во светот и темни пештери.






