домаМакедонијаМлада докторка од Тетово загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа

Млада докторка од Тетово загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа

- Advertisement -spot_img

32-годишната д-р Малтина Ферати од Тетово е една од двете жртви во тешката сообраќајна несреќа што се случи саботата во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер.

Во несреќата животот го загубија две лица, а петмина беа повредени.

Според информациите од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 часот, кога од засега неутврдени причини дошло до директен судир меѓу два патнички автомобили.

Покрај Ферати, во несреќата загинал и 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едното возило. Малтина Ферати била сопатничка во автомобил управуван од 35-годишниот А.Ф.

Останатите пет лица биле пренесени во болница, каде им била укажана медицинска помош.

Од Клиничката болница во Тетово се простија од својата колешка, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и сите што ја познавале.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img