домаМакедонијаДонесен Законот за јавни набавки

Донесен Законот за јавни набавки

- Advertisement -spot_img

Со 63 гласа „за“ и 20 „против“, парламентарното мнозинство попладнево го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, откако пред два дена го усвои амандманот за бришење на членот 13 од предлогот поради кој претходно претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за прогласување на законските измени.

Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека согласно член 75 став 3 од Уставот, откако Собранието го усвои законот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателката на државата сега е должна да го потпише указот за негово прогласување.

Законот се најде повторно на гласање отакако претходно указот не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување.

Владејачкото мнозинство поднесе амандман со кој беше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски рече дека постојат низа проблеми кои беа посочени. Спасовски рече дека Законот за јавни набавки не беше потпишан од претседателката за еден член што за неа беше важен, а за него поважни биле другите членови со коишто се менува сумата за јавни набавки во четири очи, која се зголемува на 20.000 на ниво на година, и се укинува согласноста од Бирото за јавни набавки за набавки по скратена постапка. Исто така, се укинува транспатеноста, односно ако некој сака да ги види јавните набавки треба да плати за тоа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img