Прифатливи цени и во средината на месец ноември на штипскиот пазар. Најбарана беше зелката, а веднаш по неа и празот, компирот, јапонското јаболко и крушата. Според купувачите, цените главно останале исти и нема поголеми промени во споредба со претходните недели. Дел од граѓаните сметаат дека цените се добри и приспособени на моменталната состојба и куповната моќ.
И производителите се согласни дека зелката е најбараниот производ на пазарот, која се продава во големи количини. Воедно, кај мандарините се забележува благ пад на цената.
На штипскиот пазар денеска имаше и послаба посетеност поради ветровитото време, па раздвиженоста беше помала од вообичаено.






