домаМакедонијаСобранието повторно ќе расправа за Законот за јавните набавки по ветото на...

Собранието повторно ќе расправа за Законот за јавните набавки по ветото на претседателката

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска ќе ја продолжи 129. седница, на која остануваат пет точки на дневен ред, меѓу нив и измените на Законот за јавните набавки, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно одби да го потпише указот за негово прогласување.

Претходно, на 10 ноември, пратениците усвоија амандман со кој од законските измени се брише спорниот член 13. Со оваа одредба беше предвидена промена на начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, со можност за нивно повторно именување без јасно утврдено ограничување на бројот на мандати.

Сиљановска-Давкова оцени дека предложеното решение остава можност за неограничено повторување на мандатите, што, според неа, отвора прашања поврзани со владеењето на правото и концентрацијата на моќта при одлучувањето за јавните средства.

Покрај Законот за јавните набавки, пратениците треба да расправаат и за законските измени поврзани со извршувањето на Буџетот за 2026 година, ратификацијата на договорот со Албанија за заеднички гранични премини, како и измените на Кривичниот законик.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img