домаМакедонијаПавловска: Жените пријавуваат насилство, но институциите ги оставаат незаштитени – затоа се...

Павловска: Жените пријавуваат насилство, но институциите ги оставаат незаштитени – затоа се откажуваат од постапките

- Advertisement -spot_img

Голем број жени кои претрпеле семејно насилство се откажуваат од пријавите и започнатите постапки поради недоверба во институциите и страв за сопствената безбедност. Ова го истакна граѓанската активистка Анастасија Павловска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според неа, жртвите минуваат низ долги и исцрпувачки институционални процедури, додека насилниците често продолжуваат слободно да се движат и повторно да им се закануваат, објави 4news.mk

„Голем дел имаат пријавувано, но потоа голем дел се откажале од самите постапки, бидејќи ја виделе целата институционална голгота низ која треба да поминат. Тоа ги обесхрабрува“, изјави Павловска.

Таа посочи дека последните случаи на фемицид покажуваат сериозни пропусти во институционалната заштита и недоволна координација меѓу полицијата, центрите за социјална работа и обвинителството.

„Не зборуваме за политика, не зборуваме за тендери, не зборуваме за профити, зборуваме за човечки животи“, нагласи Павловска.

Активистката порача дека семејното насилство не смее да се третира како приватен проблем, туку како прашање на основните човекови права и одговорност на државата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img