Во рамките на „Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан“, во Академскиот центар Санкелмарк, во Оверзе, покраина Шлезвиг-Холштајн во Германија, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците на Република Македонија
На средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка, со посебен акцент на зачувувањето на националниот идентитет, почитувањето на различностите и зајакнувањето на меѓусебното разбирање, на министерот Ферати му беше подарен примерок од македонскиот весник “Илинден“.
Беше истакнато значењето на отворениот дијалог, меѓусебното почитување и континуираната соработка како важни предуслови за градење општество засновано врз принципите на еднаквост, толеранција и почитување на правата на сите заедници.
Средбата претставува можност за продлабочување на комуникацијата и соработката во насока на унапредување на малцинските права и зачувување на националниот и културниот идентитет.






