Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.
Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.
Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО – ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.
Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.
Значи споредуваме 2 со 7 години.
Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !
Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.
Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.
Затоа овие бројки не се само статистика.
Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.
Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.






