домаМакедонијаОсумдневен притвор добија двајца вработени во штипскиот универзитет – пет години за...

Осумдневен притвор добија двајца вработени во штипскиот универзитет – пет години за пари им поправале оценки на студенти

- Advertisement -spot_img

Раководителот на електронскиот индекс и советничка на студентска архива од Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се гонат кривично за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека 44 годишниот Р.Т раководител на е-индекс за различна сума на пари, подолг временски период, на студенти од Турција им пријавувал испити по истекот на предвидениот рок, полагање на испити по затварање на системот за пријавување испити, бришел и оценки и кредити на студентите во е-индекси со цел да запишат нов семестар или година, а внесувал и податоци дека наводно студентите ја платиле потребната школарина. При претресот во неговиот дом одземени се три лап топ компјутери, четири телефони, усб стикови, документација, како и пари.

Со судска наредба извршено е пребарување на системот на е-индекс и системот на податоци на Универзитетот при што се пронајдени и одземени електронски податоци за извршени промени во тој систем.

Но при тоа пронајдени се записи и за извршени промени во системот и од страна на 44-годишната М.М.Н. вработена како советник на студентска архива и кај неа е извршен претрес на домот по дополнително издадена судска наредба, по што е лишена од слобода-соопштија од МВР.

Според обвинителството двајцата вработени на штипскиот Универзитет ова го работеле од 2021-2026 година, а како што наведуваат за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Од Основното јавно обвинителство-Штип информираа дека од судија на претходна постапка побарано е мерка притвор и за двајцата осомничени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img