Во вечерашната Топ Тема дебатираат Марија Мирчевска од Институтот за Демократија и Слаѓана Тасева почесен претседател на Транспаренси Интернешнал, за пораките од извештајот на за Македонија од ЕК.
Не не направено ништо околу Уставните измени, судството има одреден прогрес но клучните проблеми остануваат- независноста и финансисата автономија, случаите на висока корупција се одложуваат -нема напредок во борбата против корупцијата…
Има во извештајот повеќе детали, не секогаш зголемен број на истраги значи и зголемен број на обвиненија, напротив гледаме намалување на обвиненијата. Во извештајот има сериозна забелешка за работата на судството – надворешни и политички. Тоа влијае на казнените политика и начинот на изрекување на санкциите, рече Слаѓана Тасева.
Таа истакна дека многу малку се предметите каде се изречени мерките заплена на имот и смрзнување во текот на постапката. Речиси петпати е помала сумата од лани во однос на конфискуваниот имот. А конфискацијата е крајна цел на таквите постапки, кога треба да му се одземе имотната корист на овој кој што се стекнал со нелегална имотна корист. Односно да се намали моќта на криминалните структури преку нивно одвојување од материјалните средства.






