домаМакедонијаШто носи нацрт извештајот на ЕК за Македонија

Што носи нацрт извештајот на ЕК за Македонија

- Advertisement -spot_img

Рацин.мк ексклузивно дојде до нацрт извештајот на Европската комисија за Македонија за 2026 година, во верзија означена како документ пред усвојување. Првичната анализа покажува конкретни влошувања во повеќе области, застој во клучни реформи и повторени предупредувања за проблеми што институциите со години не ги решаваат.

Политички притисоци врз судството, одолговлекување и застарување на корупциски предмети, слаба конфискација на криминален имот и загубени европски средства се меѓу најсериозните забелешки. Комисијата посочува и ризици во јавните набавки, недоволна независност на медиумите и сериозни слабости во заштитата на човековите права.

Влошувањата се видливи и преку конкретни показатели. Судските постапки траат подолго, конфискацијата на имот е значително намалена, а правните притисоци врз новинарите се зголемени. Во повеќе сектори усвоените закони и стратегии остануваат без доволно кадар, средства и резултати.

Според нашето пребројување на главните оценки, 19 од 33 преговарачки поглавја се без напредок или со ограничен напредок. Во документот се забележуваат и позитивни поместувања, но бројни препораки од претходната година остануваат неисполнети.

Во следните денови Рацин.мк ќе објавува серијал текстови во кои, дел по дел, ќе го анализираме напредокот на Македонија кон ЕУ. Ќе ги разгледаме оценките за судството и корупцијата, економијата, јавните пари, медиумите, образованието, здравството и животната средина.

Во секоја анализа ќе издвоиме што точно констатира Европската комисија, кои обврски останале неисполнети и какви последици имаат забележаните слабости за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img