домаМакедонија„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година ги обновува летовите на линијата Дубаи...

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година ги обновува летовите на линијата Дубаи – Скопје

- Advertisement -spot_img

Авиокомпанијата „Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе воспостави летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром во Скопје. Предвидени се три лета неделно, во понеделник, четврток и сабота, пренесува ТВ21.

Со обновувањето на оваа линија, патниците повторно ќе имаат директна авионска врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност да продолжат кон стотици други дестинации преку партнерството за споделување летови (Codeshare) меѓу „Флајдубаи“ и „Емирати“.

Извршниот директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит, вели дека обновувањето на линијата ја потврдува посветеноста на компанијата за поврзување на пазарите со ограничен број директни летови до Дубаи.

„Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален центар за воздухопловство. Во „Флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзувањето на пазарите со мал број директни авионски линии до Дубаи создава можности за туризам, трговија и културна размена. Враќањето во Скопје ја одразува оваа наша континуирана посветеност“, изјави Ал Гаит.

Високиот потпретседател на секторот за комерцијални операции и е-трговија во компанијата, Џејхун Ефенди, оцени дека обновувањето на линијата ќе им овозможи на патниците поголем избор и флексибилност.

„Европа и понатаму е важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје им нуди на нашите клиенти поголем избор и флексибилност, а истовремено претставува и атрактивна можност за патување со само едно преседнување за туристите, деловните патници и македонската дијаспора од Австралија и Азија“, изјави Ефенди.

Преку партнерството со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да го продолжат патувањето до бројни дестинации во Австралија и Азија, меѓу кои Шангај и Сингапур, како и до дестинации од мрежата на „Флајдубаи“, како Бангкок, Коломбо и Занзибар.

Патниците ќе имаат можност да направат една резервација и да го пријават багажот директно до крајната дестинација.

„Флајдубаи“ за првпат започна да лета на линијата Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а со обновувањето на линијата повторно ќе биде присутна на македонскиот воздухопловен пазар.

Компанијата располага со флота од 99 авиони од типот „Боинг 737“, а со повторното воведување на линијата до Скопје, нејзината мрежа ќе опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img