домаМакедонијаКос ќе го претстави пакетот за проширување

Кос ќе го претстави пакетот за проширување

- Advertisement -spot_img

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји-кандидати за членство во Европската Унија.

Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите-кандидати, најпрво ќе им биде претставен на членовите на Комитетот за надворешни работи (AFET) при Европскиот парламент. Потоа, постојаните известувачи на AFET ќе подготват посебни резолуции за секоја земја, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пат кон членство во Унијата.

Утре, на 5 ноември, Комитетот за надворешни работи (AFET), во соработка со Комитетот за буџети (BUDG), ќе биде домаќин на петтиот дијалог за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, третиот дијалог за истиот инструмент за Молдавија и шестиот дијалог за Инструментот за Украина.

На тие седници, Герт Јан Коопман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при Европската комисија, ќе ги информира европратениците за актуелниот статус на спроведувањето на реформските агенди и исплатата на средствата од ЕУ.

Според веб-страницата на Европскиот парламент, сите седници ќе се одржат во Брисел.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img