домаРегионАвионот што во 18:48 часот полета кон Москва, сврте и се враќа...

Авионот што во 18:48 часот полета кон Москва, сврте и се враќа во Белград — во него се Вулин, Бајатовиќ и Ненад Поповиќ?

- Advertisement -spot_img

Авионот што вечерва полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Москва се враќа во Белград, а според неофицијалните информации на порталот Нова.рс, во авионот биле претседателот на Социјалистичкото движење Александар Вулин, директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и претседателот на Српската народна партија (СНП) Ненад Поповиќ.

Како што дознава овој српски медиум, авионот со број на лет JU134 полетал во 18:48 часот и стигнал до град на југот од Литванија кога била издадена наредбата за враќање во Белград, наводно од безбедносни причини.

Според извор на Нова.рс., наредбата ја издал директорот за корпоративна безбедност на аеродромот. Според истите информации, во авионот имало тројца службеници.

Попладнево, претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, на социјалната мрежа „Икс“ постави прашање: „А кој бега во Москва вечерва во 18:30 часот?“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img