Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради случувањата со Алта банка АД Битола. Од партијата најавуваат и барање за истрага и утврдување евентуална кривична одговорност.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре, 2 ноември, ќе ги соопшти следните чекори на прес-конференција во Собранието. Обраќањето е закажано за 11:30 часот во собранискиот прес-центар.
Според известувањето од партијата, тема ќе биде случајот со Алта банка АД Битола, а Филипче ќе го образложи најавеното поднесување интерпелација за гувернерот.






