домаМакедонијаКолкав промет реализирале над 70.000 компании во Македонија лани?

Колкав промет реализирале над 70.000 компании во Македонија лани?

- Advertisement -spot_img

Повеќе од 70.000 компании во земјава имале промет од 2,2 билиони денари во текот на една година.

Македонските компании лани оствариле вкупен промет од 2.226.478 милиони денари, а нивната бруто-додадена вредност изнесувала 522.087 милиони денари. Се работи за вкупно 70.843 пазарно ориентирани деловни субјекти, според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).

Најголем удел во вкупниот промет има трговијата на големо и мало, со 38,7 отсто, додека преработувачката индустрија учествува со 24,5 отсто. Овие два сектора заедно оствариле повеќе од 63 проценти од прометот на деловните субјекти.

Кај бруто-додадената вредност, преработувачката индустрија е на водечката позиција со 26,2 отсто, пред трговијата на големо и мало, која учествува со 20 проценти.

Меѓу позначајните сектори е и градежништвото, со удел од 10 отсто во вкупната додадена вредност. Понатаму, телекомуникациите, компјутерското програмирање, консултантските и другите информатички дејности придонесуваат со 9,2 проценти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img