домаМакедонијаНиколоски: Од 1 мај директни летови од Скопје до Тиват: Двапати неделно...

Николоски: Од 1 мај директни летови од Скопје до Тиват: Двапати неделно до црногорското приморје

- Advertisement -spot_img

Нова директна авиолинија ќе ги поврзува Скопје и Тиват од 1 мај 2027 година, со два лета неделно. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбата со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Новото авиоповрзување треба да го олесни патувањето до црногорското приморје и да придонесе за развој на туризмот и економската соработка меѓу двете земји.

Македонските граѓани од следната туристичка сезона ќе имаат можност директно да летаат од Скопје до Тиват, една од најпознатите туристички дестинации на црногорското крајбрежје.

Како што соопшти Николоски, новата авиолинија е резултат на разговорите и договорите постигнати при неговата претходна посета на Подгорица.

„Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира двапати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот“, изјави Николоски.
Се разгледуваат и летови до Подгорица и од Охрид до Тиват

Покрај новата линија Скопје – Тиват, македонските и црногорските власти разговараат и за воспоставување дополнителни авиоврски.

Според Николоски, во тек се разговори за директни летови на релациите Скопје – Подгорица и Охрид – Тиват, со што би се прошириле можностите за патување меѓу двете држави.

Во текот на следната година се планира и организирање заеднички бизнис-форум, на кој компаниите од Македонија и Црна Гора ќе можат да разговараат за нови инвестиции, партнерства и можности за стопанска соработка.
Автопатот Скопје – Блаце ќе отвори нови можности за трговија

Една од главните теми на билатералната средба била и транспортната инфраструктура, особено изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

Николоски истакнал дека овој проект ќе придонесе за подобро регионално поврзување и ќе овозможи полесен пристап на македонската економија до црногорското пристаниште Бар.

„Македонија на крајот на август почна да го гради автопатот Скопје – Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора и отворање на Македонија кон трето пристаниште, а тоа е пристаништето во Бар“, рече Николоски.

Тој нагласи дека целта е Македонија, како земја без излез на море, да има подобар пристап до три значајни регионални пристаништа – Солун, Драч и Бар.
Поддршка за европскиот пат на Црна Гора

На средбата била потврдена и добрата политичка соработка меѓу двете земји, со заедничка заложба за нејзино дополнително унапредување.

Николоски го поздравил напредокот на Црна Гора во реформските процеси и европската интеграција, оценувајќи дека нејзиното идно членство во Европската Унија би било позитивен сигнал за целиот Западен Балкан.

Со најавената авиолинија Скопје – Тиват, граѓаните ќе добијат дополнителна можност за побрзо и поедноставно патување до црногорското приморје, додека двете земји очекуваат нов поттик за туризмот, трговијата и деловните контакти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img