домаМакедонијаКлековски на 12. Турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички...

Клековски на 12. Турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори

- Advertisement -spot_img

На отворањето, покрај турскиот министер за здравство проф. д-р Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои на Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул. Конгресот го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, под мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“.

На отворањето, покрај турскиот министер за здравство проф. д-р Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои на Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други.

Во своето обраќање, министерот Клековски му честиташе на турскиот народ 103 години од прогласувањето на Република Турција и посака мир и благосостојба.

Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Затоа, Македонија останува отворена за соработка со сите партнери кои ја споделуваат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи, истакна Клековски.

Дигиталната трансформација на здравството е еден од приоритетите на Министерството, каде Турција има значајно искуство.

Министерот Клековски ја нагласи и соработката со Турција: „Република Турција за нас е долгогодишен и искрен пријател и значаен партнер“.

Тој посочи дека Турција изградила значајни капацитети во производството на лекови, вакцини и медицински помагала и во здравствените технологии. Според него, постои простор за соработка меѓу двете земји, во дигиталното здравство, истражувањето, иновациите и трансферот на технологии.

Во рамки на посетата, министерот Клековски ќе оствари повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img