Вчера во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(18), П.Д.(30) и С.Д.(25), сите од Охрид.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле затекнати по извршена тешка кражба во кампот и како со два мопеди, за кои немале соодветни документи, вршат транспорт на одземените предмети.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.






