домаМакедонијаРеновиран дом – стари проблеми

Реновиран дом – стари проблеми

- Advertisement -spot_img

Нова академска година, стари проблеми. Протекување вода во собите и недостиг на парно греење со овие проблеми студентите се пожалија дека ја започнале годината во реновираниот дом „Стив Наумов“. Додека тие реагираат на условите, политичките партии бараат одговорност за вложените средства. Од Левица, најавуваат тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител, со барање да се испита постапувањето на МОН и да се заштитат правата на студентите.

„И напоменуваме на министерката дека правото на студентски оброк е законско и лично право на секој студент, затоа истата не може наместо да овозможи целосно уживање на правото за секој студент, паушално да се правда и да одлучува во име на секој од нас заедно со група одбрани студенти од нејзина страна“, вели Марија Ванчева генерален секретар на Црвена Младина

Од СДСМ прашуваат каде завршиле десетте милиони евра наменети за подобрување на студентскиот стандард, обвинувајќи дека студентите се уште немаат основни услови за живот. Од МОН на опозицијата одговорија дека само се обидуваат да дискредитираат, а вистината е поинаква.

Во „Стив Наумов“ била запушена канализацијата поради фрлени влажни марамчиња, се активирал алармот поради заборавена храна во вклучена микробранова печка и запалена цигара во соба, бил откорнат радијатор, а автомобили биле паркирани и на зелените површини во дворот. Со овие проблеми пак се соочиле надлежните. Од МОН уверуваат дека изведувачот ќе ги санира во рамки на гарантниот рок.

„Условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време. Залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите. Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие“, соопштија од МОН

За проблемите со парно греењето во Стив Наумов, директорот кажа дека домот е приклучен на системот на ЕСМ, а испораката на топлинска енергија зависи од правилата на регулаторот и надворешната температура. Инаку МОН со поддршка од ЕУ во јули 2024-тата година ја започна и неодамна ја заврши реконструкцијата на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје. Во ноември се очекува да се отворат вратите и на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Реконструкцијата на студентските домови во земјава чини нешто над 80 милиони евра. 60 милиони се заем, а уште 21 милион евра се обезбедени како директна грант-поддршка од Европската Унија. Целта е девет домови да добијат темелно обновени енергетски и ефикасни услови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img