домаМакедонија„Сакам за децата сè да биде бесплатно“ – детски невролог кој работи...

„Сакам за децата сè да биде бесплатно“ – детски невролог кој работи во свој ординација бара решение од Фондот

- Advertisement -spot_img

Детскиот невролог Гого Паскалов јавно побара од Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора да најдат решение со кое ќе може да упатува деца на компјутерска томографија и магнетна резонанца на мозокот, а трошоците за испитувањата да бидат покриени од Фондот.

Паскалов, кој наведува дека е првиот детски невролог во Македонија што работи во сопствена ординација, наместо во болница, вели дека не му е јасно зошто надлежните институции досега не успеале да постигнат договор за ова прашање.

„Не знам како Фондот и Лекарската комора немаат решение за мене, да не можат да најдат консензус“, пишува Паскалов.

Тој посочува дека во својата ординација веќе врши ехографски прегледи, но сака да има можност да назначува и други дијагностички испитувања, без родителите да мораат да ги плаќаат приватно.

„Сакам да назначувам компјутер и магнет на мозок кога сакам и да е под Фондот. Ехо секако правам“, наведува детскиот невролог.

Паскалов нагласува дека неговата цел е потребните испитувања да бидат достапни за децата без дополнителни трошоци за семејствата.

„Сакам сè да е за без пари, онака за деца сакам сè. Не барам многу“, порачува тој.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=122125469559125956&id=61583778686044&ref=embed_post

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img